28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали среќата се купува со пари?

Дали среќата се купува со пари?

Money Falling on Happy Businessman

Точно или не, поголем број од луѓето во светот сметаат дека со пари може да се купи среќа, покажува анкета спроведена во 24 земји.

Една третина од 20.000 анкетирани се задоволни од својот живот, додека две третини имаат потреба да живеат подобро.

На листата фактори кои учествуваат во квалитетот на нивниот живот, 89 проценти од испитаниците истакнале дека домашната економија влијае врз нивниот живот, додека 84 проценти се изјасниле во корист на подобри услови на живот и посилни семејни односи.

Дури 56 проценти од испитаниците,  кажале дека пронаоѓањето на сродна душа е основа за подобар живот, додека 49 проценти пронаоѓаат среќа во медитација.

Испитаниците им придале значење на факторите како подобра исхрана, подолго спиење и честа физичка активност.

Истражувањето покажало голема разлика во одговорите во зависност од земјата во која живеат испитаниците, Бразил, Саудиска Арабија, Шведска, Германија, Јужна Африка, Унгарија, Јапонија или Мексико.

Унгарците сметаат дека треба да живеат подобро, со нив се сложуваат и Французите. Саудијците, Индијците, и Швеѓаните се задоволни од својот живот.

Речиси три четвртини од анкетираните, сметаат дека за подобар живот е потребно планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП