28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini очекува рекордна продажба

Lamborghini очекува рекордна продажба

lambo pro

Италијанскиот производител на спортски автомобили „Lamborghini“ очекува рекордна продажба во оваа година, соопшти извршниот директор на компанијата, Штефан Винкелман.

Тој пред почетокот на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк, кој се одржува од 18-ти до 27-ми април, изјави дека се надева овогодинешната продажба ќе ја надмине минатогодишната, пред се благодарејќи на најновиот суперавтомобил и дека тоа ќе биде рекордна продажба во текот на 51-година од постоењето на овој производител на автомобили.

Во текот на првите неколку месеци, „Lamborghini“ успеа да продаде повеќе од 10.000 единици од најновиот „Huraсan LP 610-4“, наследникот на моделот „Gallardo“.

Винкелман тврди дека веќе е забележана двојно поголема продажба од очекуваната, па оттука се оптимистички прогнозите во поглед на моделот „Нuraсan“, кој според прогнозите би требало да ја надмине продажбата на „Gallardo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП