25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузното велигденско јајце (фото)

Најлуксузното велигденско јајце (фото)

$

Ова луксузно јајце, наречено „Mirage“, чини 8,4 милиони долари. Украсено е со над 1.000 прекрасни и беспрекорни дијаманти.

$

Неговата лушпа е декорирана со 100 уникатни дијаманти, чија цена е проценета на 2,5 милиони долари. Кога ќе ја отворите лушпата, внатре во јајцето се наоѓа прекрасен глобус, кој рачно е изработен од 18-каратно злато.

$

Внатре во глобусот се наоѓа преубава кристална гулабица со златен клун и скапоцени камења кои ги претставуваат нејзините очи. Поставена е на преубаво златно маслиново гранче.

$

Гулабицата и маслиновото гранче се рачно изработени и претставени како симболи на мирот. Дизајнерот Манфред Вајлд го креираше ова јајце, во соработка со елитните мајстори кои потекнуваат од земјите ширум светот. За изработка на ова јајце беа потребни три години.

$

Ваши Домингез, јувелир на познатите ѕвезди, знае кој е сопственик на ова преубаво јајце, кој во јавноста е познат како мистериозен колекционер. Засега е познато дека тој не сака да го продаде ова јајце, но експертите велат дека со вистинска цена договор може да биде постигнат.

$

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП