19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ даде зелено светло за трговските мерки во поддршка на Украина

ЕУ даде зелено светло за трговските мерки во поддршка на Украина

kiev protest

Европската унија денеска ги одобри трговските и финансиски олеснувања за Украина, откако министрите за финансии од ЕУ ги прифатија конечните мерки, пренесе ДПА.

Привремено ќе бидат укинати повеќето царини на ЕУ за украинските стоки, што на компаниите од Украина им овозможува поевтин пристап до пазарот на 28-те земји-членки на Унијата.

Освен тоа, министрите го одобрија предлогот на Киев да му се додели кредит од уште една милијарда евра (1,4 милијарда долари). Украинските власти, меѓутоа, во замена треба да се ангажираат на спроведувањето економски и структурни реформи.

Министрите, исто така, се договорија да се замрзнат сметките на уште четири лица заради незаконско присвојување на украински државни средства. Нивните имиња ќе бидат објавени кога санкциите ќе стапат во сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП