25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФејсбук е најдобриот работодавец

Фејсбук е најдобриот работодавец

Најзадоволните вработени во светот се вработените во Фејсбук.

Според податоците на веб страната „Glassdoor.com“, Фејсбук по втор пат во три години е избран за најдобар работодавец и има оценка од 4,7 на скалата од 1 до 5, што значи дека вработените се многу задоволни.

Вработените во Фејсбук ја опишаа нивната работна средина како забавна и продуктивна, а еден од коментарите беше дека работењето во Фејсбук е добро бидејќи имаш можност да работиш на производ кој влијае на многу луѓе.

Зад Фејсбук, на второто место се наоѓа компанијата „McKinsey & Co“.

Најголем пад на листата доживеа „Starbucks“, кој од 34 место падна на 50 место и „Apple“ кој од 10 место падна на 24 место.

Листата е составена врз основа на анонимни коментари и оценки од вработените во компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП