25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕArmin Storm – луксузно ограничено издание (фото)

Armin Storm – луксузно ограничено издание (фото)

lopl1

„Armin Storm“ е врвен бренд за часовници кој потекнува од швајцарскиот град Бургдорф, кој се наоѓа североисточно од Берн…

Тие се познати по фантастичните скелетизирани часовници. Многу префинети часовници излегле од нивните работилници, а „One Week Skeleton Collection“ ќе биде првиот часовник кој е произведен во потполност во работилниците на овој бренд.

Секој дел од механизамот на овој часовник кој нема конкретна механичка функција е тргнат и затоа дава уникатен увид во внатрешната работа на часовникот. Има куќиште од 43.3мм направено од розево злато, а декориран е со класично рачно гравирање. Исто така, достапни се и модели во верзии од жолто и бело злато. Овие часовници имаат во потполност скелетизиран главен дел, мостови со запчаници и зглобови.

Каишот на „Armin Storm One Week Skeleton“ часовникот може да биде со црна или кафена кожа од алигатор, со „ardillon“ копче од 18-кратано розево злато. Колекцијата од овие часовници ќе биде ограничена на само 50 парчиња.

lopl2

lopl3

lopl4

lopl5

lopl6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП