19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Привршува ревитализацијата на хидроенергетскиот систем

Пешевски: Привршува ревитализацијата на хидроенергетскиот систем

pesevski

Со вградувањето на новата технологија во ревитализацијата на седумте хидроцентрали во Македонија ќе се намалат загубите при производството и ќе добива електрична енергија по еколошки пат, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по посетата на ХЕЦ Вруток.

Таму се запозна со текот на ревитализацијата во хидро енергетскиот систем Маврово, во кој како што кажа работите се во завршна фаза.

– Владата на Република Македонија, започна низа проекати на полето на енергетиката, а еден од најазначајните е проектот за ревиталицизација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козајк. Кај сите централи се преземаат зафати со употреба на најновите технологии за да се постигне поголемо производство на електрична енергија и поголема ефикасност во искористувањето на водите, рече Пешевски.

Проектот за ревитализацијата на хидроцентралите има вредоност од приближно 33 милиони евра, и е финасиран 80 проценти од германската КфВ Банка, а останатите се директно вложување на АД ЕЛЕМ.

Според Пешевски, со завршувањето на проектот, Македонија ќе добие нови 20 мегавати инсталирана моќност и дополнителни 50 гигават часови произведена електрична енергија.

Тоа, како што рече, во пракса би значело користење на електрична енергија за околу 30 илајди семејства.

– Значајно е што со овој проект во иднина ќе се прозиведува таканаречена зелена енергија. Тоа е доказ за определбите на Владата за развој на енергетиката во сите сегменити, како во базната, со зафатите во РЕК Битола, така и во хидро централите, за прозиводство на енергија од обновливи извори на енергија, потенцира Пешевски.

Проектот за ревитализација на системот ХЕЦ Маврово е при крај. До крајот на летото се очекува да биде вграден и последниот од четирите агрегати во ХЕЦ Вруток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП