20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградба на капацитет од прехранбената индустрија во индустриската зона „Прилеп 1“

Изградба на капацитет од прехранбената индустрија во индустриската зона „Прилеп 1“

donia243

Во индустриската зона „Прилеп 1“ почна изградбата на новиот погон на прилепската прехранбена индустрија „Дониа“. Според директорот на оваа фирма Дражен Котески, со новиот погон даваат придонес за развојот на локалната и националната економија.

– Капацитетот ќе биде на 2.000 метри квадратни. Ќе донесеме нови машини, а инвестицијата е околу 500.000 евра. Во фирмата ќе се отворат 50 нови работни места, рече Котески.

Своите производи „Дониа“ ги пласира на домашниот и напазарот во 20 земји.

– Го прошируваме работењето но и го издигнуваме квалитетот на произведената храна. Годинава ќе воведеме нови три меѓународни стандарди за здрава храна, вели Котески.

Според Илија Карески од одделението за урбанизам при локалната самоуправа, овој погон што ќе се гради е меѓу првите во Индустриската зона.

– На 120.000 метри квадратни се продадоа сите 21 парцела и ќе бидат застапени со капацитети сите видови индустрии во Прилеп. Идната недела ќе почнат да градат текстилната „Тритекс“, прехранбената „Годам“, фирми од урбанизмот, рече Карески.

Тој информира дека зимскиот и овој пролетен период е искористен за изградба на водоводната и канализационата мрежа, за патот до индустриската зона. Првиот капацитет на прехранбената фирма „Дониа“, смета Карески, треба да биде готов до крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП