25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриливот од туризмот лани над 200 милиони евра

Приливот од туризмот лани над 200 милиони евра

turisti-makedonija7g45e7ge7

Бројот на странски посетители се зголемува континуирано, а приливот од туризмот минатата година надмина 200 милиони евра. Прогнозите се дека и во иднина овие бројки ќе се движат прогресивно, истакна Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, отворајќи го Меѓународниот саем за туризам – Скопје травел маркет 2014.

– Следејќи ги светските трендови, Владата преку нови и проекти кои веќе се реализираат дејствува во правец на создавање услови за унапредување на домашниот туристички производ, значително збогатување на понудата и на туристичките содржини во земјата.Продолжуваме со се поагресивни медиумски кампањи кои ја претставуваат Македонија како привлечна туристичка дестинација, напомена Џамбазовски.

Според Светската туристичка органзација, во 2013-та бројот на туристи надминува една милијарда. Тие генерираат еден трилион долари во извозот на земјите кои ги посетуваат. Со оглед на големата побарувачка на меѓународниот пазар за туризам, прогнозите за 2014 година се раст од пет отсто во однос на патувањата.

Извршната директорка на Експо Медиа Скопски саем Даниела Глигоровска рече дека патувањето е единствената работа што ја купуваме, а не прави побогати. Порача подобро да видиме како изгледаат нештата, наместо да ги замислуваме.

Скопје травел маркет 2014 ќе трае четири дена, до сабота. Посетителите имаат можност да се запознаат со понудите за претстојните велигденски празници и летните одмори на 60-те директни учесници, туристички агенции, хотели, тур оператори, општини и градови во Македонија, Србија, Турција, Бугарија, Албанија, Словенија.

На Саемот се претставуваат и здруженија, културно – уметнички друштва, како и комори. Покровител на Скопје травел маркет 2014 е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која заедно со Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе го промовира проектот „Најголемо оро во светот“, со што ќе се направи обид да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Првпат ќе биде промовиран туризмот на екстремни спортови, параглајдинг, планинарење, велосипедизам, нуркање, маунт-бајк и јавање коњи, а ќе се промовираат и туристички дестинации од Македонија, регионот и пошироко.

Организирана ќе биде и презентација на малите туристички субјекти, како Музејот на вино во Демир Капија, еден од ретките на Балканот со толку експонати, најмалиот музеј во светот од Џепчиште, Сончевата куќа од Кратово…

Во рамки на Саемот денеска ќе бидат доделени дипломите на првата група студенти на ИАТА, Авторизиран тренинг центар на туристичката агенција „Савана“, кој едуцира кадри од областа на туризмот по меѓународна програма на Институтот за обука и развој од Монтреал, Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП