23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници за здрав црн дроб

Намирници за здрав црн дроб

Вметнете ги овие пет намирници во секојдневната исхрана и подобрете го здравјето на црниот дроб, но и општото здравје.

Црниот дроб е најголемата жлезда во телото и помага телото да се исчисти од токсини. Многу луѓе го третираат црниот дроб погрешно со сиромашни диети и животни одлуки, а црниот дроб соодветно одговара на тоа.

Но доколку редовно го малтретираме црниот дроб и го преоптеретуваме, состојбата на нашето здравје значително ќе се влоши.

Третирајте го овој орган правилно. Црниот дроб не одржува во живот, примајки и преработувајќи 1,5 литри крв во минута.

Тој е одговорен за чистењето на крвта од штетните материи, како што е алкохолот, па дури и лековите. Ги чува витамините, железото, глукозата, го конвертира складираниот шеќер во корисен и го намалува нивото на гликоза, го разложува хемоглобинот, инсулинот и хормоните, го забрзува метаболизмот и ги уништува старите црвени крвни зрнца.

Овие пет намирници се корисни за црниот дроб…

Лук

На овој зеленчук не му треба многу време да ги исчисти токсините од црниот дроб. Активните компоненти во лукот ги активираат ензимите од црниот дроб да ги исфрлат токсините.

Лимон

Лимонот е полн со витамин Ц, што му овозможува на телото да се ослободи од токсините. Лимонот активно го намалува холестеролот во црниот дроб. Почнете го утрото со чаша вода и сок од половина цеден лимон. Ова ќе ја покрене и забрза неговата детоксикација.

Брокула и карфиол

При конзумирање на овој зеленчук количеството на глукозинолати во телото расте. Овие компоненти помагаат ензимите од црниот дроб да ги исфрлат токсините.

Куркума

Куркумата е најдобриот пријател на детоксикацијата. Нејзините медицински својства се користат уште од пред 4.000 години и тоа како боја, храна, па и во некои религиозни церемонии. Има анти-инфламаторни дејства и корисна е на различни начини, вклучувајќи и детоксикација на црниот дроб.

Зелен лиснат зеленчук

Последно, но не и најмалку важно, е зелениот лиснат зеленчук. Овој зеленчук е разновиден и секогаш го имате во кујната. Полн е со хлорофил и ензими, витамини и нутриенти, што на крајот значи дека овој зеленук има добро влијание на целокуниот организам. Се покажало дека помага во регулација на составот на масните киселини во црниот дроб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП