29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои се лоши за коските

Намирници кои се лоши за коските

koskijd839w3je3j

Откријте кои намирници го саботираат складирањето на калциум.

1. Алкохол

Се вели дека една чаша црно вино е добра за здравјето, но алкохолот може да биде главен виновник поради кој човечкото тело не добива доволно калциум. Преголемото конзумирање алкохол влијае на панкреасот и го спречува апсорбирањето на калциум и витаминот Д, освен тоа го зголемува производството на хормонот кортизол, кој е потенцијално деструктивен за коските. Ако со пијалокот пишите и цигари, крајно време е да престанете со оваа лоша навика, инаку ќе си ги унишите коските.

2. Газирани пијалоци

Овој пат не се проблем меурчињата, туку количеството на кофеин и фосфорна киселина кои се присутни во некои од освежителните пијалоци и кои доколку се конзумираат во поголемо количество можат да го спречат природното апсорбирање на калциум.

3. Сол

Грижата околу претераното конзумирање шеќер толку е зголемена, што понекогаш се заборава колку преку исхраната се внесува повеќе сол од потребното. Солта се крие речиси секаде, а влијае врз апсорбирањето калциум така што телото прави рамнотежа. Секој пат кога основната киселина во организмот се дестабилизира, нашето тело ќе настојува да го обнови количеството на калциум, кој секако го има најмногу во коските. Како резултат на тоа има појава на ослабнати коски.

4. Премногу протеини

Со зголемено внесување на намирници богати со протеини може да се наруши ph-вредноста во организмот, што влијае врз количеството на калциум. Затоа треба да се внимава да не се надминува дневната доза, која изнесува околу 45 грама протеини, кога станува збор за жените.

5. Кофеин

Доколку постои здрава и балансирана исхрана, тогаш не е штетно да се испие кафе со пријателите, но треба да се внимава на акумулирање на кофеин во организмот, кој на подолг период може да биде опасен за коските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП