25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина: Инфлацијата веќе достигна 2,2 проценти

Украина: Инфлацијата веќе достигна 2,2 проценти

inflacija12

Инфлацијата во Украина во март забрза на нивото од 2,2 проценти, соопшти Државната служба за статистика.

Според податоците на службата, во споредба со март 2013 година, растот на потрошувачките цени во Украина изнесувал 3,9 проценти, пренесува агенцијата Униан.

Од почетокот на годината производствените цени се зголемиле за три проценти.

Претседателот на Народнатата банка на Украина, Степан Кубив, прогнозираше дека инфлацијата во земјата оваа година ќе достигне од 12 до 15,7 проценти.

Во 2013 година во Украина е забележан раст на потрошувачките цени од 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП