19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтресот ги отежнува алергиите

Стресот ги отежнува алергиите

alergii

Изложеноста на стрес е поврзана со влошување на симптомите на алергии, објавија американски научници од Универзитетот Охајо.

Наодите собрани во текот на 12 недели од 179 испитаници го објави стручното списание „Аnnals of Allergy, Asthma & Immunology“.

Во текот на тој период симптомите на алергии се јавиле кај 39 учесници во истражувањето, а значително поголем ризик е забележан кај лица погодени од стрес.

Според научниците, можно е да се воочи причината според која симптомите на алергии се јавуваат во рок од неколку дена по поинтензивно доживеан стрес, Истражувачите напоменуваат дека нема докази оти стресот е причинител на алергиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП