16 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета „17 дена“

Диета „17 дена“

Диетата „17 дена“ е смислена од страна на Д-р Мајк Морен, лекар од Калифорнија. Многу брзо постигнала голем успех и станала златен стандард за многу диетни планови на кои целта им е брзо губење на килограмите.

Основна идеја на Д-р Морен била желбата да состави диета која ќе им помогне на луѓето да се ослободат од килограмите кои ги добиле набрзина. И успеал во тоа! Ќе видите, начинот е необичен но она што е најважно е дека тој функционира! Многу личи на диетите кои се врз основа на внес на малку јаглени хидрати – но карактеристика на оваа диета е дека нивниот внес варира – еднаш е повисок – еднаш понизок, а исто е и со калорискиот внес.

Значи, диетата подразбира серија од 17 денови прилагодување на разни видови на храна кои се конзумираат во овој период. Не е чудо ако за овие 17 дена изгубите 7 – 8 килограми. Во основа оваа диета претставува манипулација со јаглени хидрати: во одредени денови ќе ги јадете помалку, а во други денови повеќе, а резултатот ќе биде губење на тежината! За што вушност се работи: самиот Д- р Морено кажува дека овој пристап го „збунува“ метаболзмот и ја подобрува брзината на симнување на килограмите. Исто така придонсеува и за намалување на чувството на фрустрација и досада кои се обично поврзани со диетите на „подолги патеки“.

Диета 17 дена содржи четири циклуси:

Забрзување

Во оваа почетна фаза драстично се намалува внесот на јаглени хидрати и се потикнува согорување на мастите, чистење на организмот и се постигнува брзо губење на тежината.

Активирање

Оваа фаза подразбира намалување и зголемување на внесот на јаглени хидрати, со цел да се „ресетира“ метаболизамот и  да се поттикне согорување на мастите.

Обновување

Фазата на обновување е период кога повторно почнувате со конзумирање на некои намирници кои пред ова беа ограничени. Ова е истовремено и период на учење како да ги развиете здравите навики во исхраната.

Цел

Завршната фаза овозможува да ја одржите телесната тежина и тоа со проста метода: во текот на неделата јадете здрави оброци, а за викендот може да се опуштите и да ја конзумирате омилената храна.

Во текот на сите четири фази на оваа диета акцентот е ставен на конзумирањето на квалитетни намирници, избегнувањето на шеќер и на сите обработени намирници.

Препорачана храна

Јајца, мисиркини гради, пилешко бело месо, морски плодови, јогурт, грејпфрут, јагоди, зелена салата, брокули, домати, краставици, аспарагус, зелен чај…

 

Примери за мени:

Појадок

– Кајгана

– Грејпфрут

– 1 шоља зелен чај

Ручек

– 2 варени јајца

– Голема мешана салата со: морков, брокула, кромид, домати и цепкана зелена салата.

Ужина

– Јогурт и една рака бобесто овошје.

Вечера

– Мисиркини гради

– Морков на пареа и аспарагус

 

Препораки за вежбање

Оваа диета вклучува и лесни вежби кои се спроведуваат секој ден (освен во недела ) и тоа 17 минути. Е, дали авторот се шегувал или заклучил дека баш 17 минути се идеалното време – тешко дека ќе дознаеме.

Зошто да се држи оваа диета?

– Го поттикнува внесувањето на разновидна непреработена природна храна.

– Циклусите на различни количини на јаглени хидрати и калории помагаат да се забрза губењето на тежината.

– Диетата трае само 17 дена, а самата нејзина структура помага да се одржи мотивацијата и да се спречи досадата.

– Планот за исхрана е едноставен за разбирање.

– Програмата за вежбање е кратка и ефикасна.

Недостатоци на оваа диета

– Не е погодна за дијабетичари

– Внесот на калории може да биде повремено многу низок за физички активните лица.

– Осетливите лица може да доживеат непријатности бидејќи метаболизмот често се менува.

Заклучок:

Диетата 17 дена подразбира прилагоден внес на јаглени хидрати, масти, протеини и калории во текот на серијата од 17 дена колку што трае еден цилкус. Сето ова може да има ефект на зголемување на метаболизмот и спречување на монотонијата кои се карактеристични за повеќето диети.

Иако планот бил направен да им помогне на оние кои лесно добиваат килограми за време на празниците – може да се користи во било кое време од годината – бидејќи се постигнувааат исти резултати. Меѓутоа, лицата на оваа диета и овде мораат да бидат свесни дека само темелните промени во начините на исхрана, животните навики, ставовите… може да донесат трајно и стабилно одржување на телесната тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП