16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрави навики кои всушност се многу нездрави

Здрави навики кои всушност се многу нездрави

647780652532c4fb4c3ec5625788044_orig

Внимателно се трудите да бидете истрајни во некои здрави навики како што е дезинфекцијата на рацете, полнењето на ладилникот со производи со мала количина на масти или пак неколку часа сон повеќе за време на викендот. Но, не се сите здрави навики баш толку добри.

Дезинфекција на рацете

Сите знаеме дека миењето на рацете е многу важно и особено потребно на пример пред да јадеме или откако сме биле во тоалет. Но, подобро прескокнете ја дезинфекцијата со дезинфекциски препарати и измијте ги рацете со обичен сапун, бидејќи антибактерискиот гел ќе ви ја исуши кожата.

Стомачни вежби

Истражувањата покажуваат дека тие можат да предизвикаат повреди на грбот, особено на долниот дел заради силниот притисок врз р’бетот, а можете да ја оштетите и карлицата.

Миење на интимните делови

Експертите не им советуваат на жените длабинско миење на вагината со разни производи кои се продаваат токму за тие цели. Вагината се прочистува самата, а со внесување на разни производи можете да ја нарушите Ph вредноста на тоа чувствително подрачје и да го направите поподложно за бактериски инфекции.

Овошни сокови

Иако на пакувањето може да пишува „природен овошен сок“,  вие всушност ќе купите шеќер. Сепак се подобри од газираните сокови, но доколку навистина сакате вистински овошен сок без додатоци на шеќер, ќе биде доволно сами да си исцедите природен сок.

Подолго спиење за време на викенд

Дополнителните часови сон за време на викендите не се лоша идеја, но со тоа го нарушувате својот биоритам. Поради тоа најчесто се случува во недела да заспиете доцна, а во понеделник наутро да сте уморни и ненаспани. Затоа, најдобро е да се држите до својот вообичаен ритам на спиење и да се потрудите да си обезбедите 8 часа сон секоја вечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП