20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈадете ги овие намирници и заборавете на стареењето

Јадете ги овие намирници и заборавете на стареењето

mladostubavina56f4ew4fe64

Експертите велат дека за убав и млад изглед треба, пред се, да живеете здравo, а еден од важните фактори за тоа е исхраната…

Затоа нутриционистите составија листа од седум намирници кои се добри за здравјето, а со самото тоа и за убавината и младоста на телото.

Првата меѓу нив е рибата, за која истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат многу риба речиси никогаш не страдаат од кардиоваскуларни болести.

Инаку, рибата е богата со омега 3 масни киселини кои го стабилизираат срцевиот ритам и штитат од собирање на холестерол во крвните садови.

Вториот на листата е маслиновото масло кое е богато со заситени масти и е добро во борбата против ракот и срцевите болести.

Следи чоколадото, но она темното, чија главна состојќа е какаото кое исто така е многу полезно за крвните садови, ако се конзумира во разумни количини, делува превентивно и против појавата на дијабетес тип 2.

Јогуртот исто таа може да го забави стареењето, бидејќи содржи калциум кој ја спречува појавата на болести поврзани со коските, а содржи и добри бактерии кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Следат боровницата, јаткастите плодови (лешници, ореви, бадеми) и црвеното вино во мали количини, тие влијаат на намалувањето на ризикот од дијабетес, загубата на меморијата и срцевите болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП