20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите витамински напитоци после тренинг

Најдобрите витамински напитоци после тренинг

napitocivitaminskitreningfj8934yhf

Доколку се занимавате со спорт и редовно тренирате, нутриционистите препорачуваат дека после напорните вежби мора да испиете еден вкусен витамински коктел, кој ќе ви помогне брзо да се опоравите и да ја вратите сила.

Пена од мед, бадеми и млеко за регенерација

Овој коктел ќе ви помогне да ги обновите мускулните влакна после тешките вежби кои ангажираат мускули од одреден дел на телото, како што се велосипедизам или интензивен аквабик. После вежбањето на организмот му се потребни лесно сварливи протеини и шеќери.

Измешајте: 150 грама мелени бадеми, 1,5 децилитри млеко, 50 грама крем сирење, 2 лажици мед и лажица природен екстракт на ванила. Измешајте ја смесата за да добиете пијалок со пена и испијте го веднаш.

Морковите и лимоните ги елиминираат солите

После напорно трчање или аеробик од кои премногу сте се испотиле, овој напиток ќе ја поттикне работата на бубрегот и црниот дроб и ќе го забрза исфрлувањето на токсини од организмот.

Измешајте: 2 децилитри сок од моркови и сок од еден лимон. Додајте капка или две есенцијално масло од грејпфрут и лажица мед, па сето тоа добро измешајте го додека медот да се стопи.

Грејпфрут и против воспаление

За да спречите воспаление на зглобовите и мускулите после напорни вежби, но и да го поттикнете производството на колаген во организмот, пијте го овој напиток:

Измешајте: сок од еден грејпфрут со половина лажица ѓумбир во прав и лажица мед. Додадете вода по желба за малку да го разредите сокот од грејпфрутот и добро промешајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП