29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБорба против стресот на работа

Борба против стресот на работа

stres

Стресот на работното место е сериозен здравствен проблем. Посетата помеѓу 75 и 90% на  лекари по општа медицина, се должи на причината поврзана со стресот.

Не е важно каква работа работите, стресот влијае на сите подеднакво. Бројни студии покажаа дека денес луѓето нивната работа ја сметаат за “исклучително стресна “, за разлика од работата која ја извршувале пред  десет години. Повеќето од нив размислуваат за напуштање на работното место, кое им предизвикува голем стрес, а многу веќе и тоа го прават.

Многу луѓе се жалат дека работата им е стресна и дека стресот им предизвикува здравствени проблеми, вклучувајки висок крвен притисок, нарушено спиење, болки во грбот итн. Стресот може да игра голема улога во кардиоваскуларните болести, па дури и срцев удар. Стресот може да го зголеми крвниот притисок, покачи холестеролот, поттикне аритмија на срцето и слично.

 

Ако  чуствувате дека сте изложани на стрес на работа, имајте на ум неколку работи:

Добро да се наспиете-истражувањата покажаа дека помалку спиење доведува до поголем стрес. Ќе се чуствувате подобро на работа ако не сте уморни и исцрпени.

Доручкувајте-дури и ако тоа значи дека треба да станете пола саат порано, важно е денот да се почне со богат и здрав оброк.

Вежбајте-следниот пат кога ќе почуствувате дека сте под стрес, обидете се да се опуштите со вежбање. На пример, одете на прошетка, направете кратки вежби со истегнување на рацете и нозете, џогирајте неколку минути во место или на чист воздух- ќе се чуствувате многу подобро.

Размислувајте позитивно-најважно е како се чуствувате и како ги поставувате работите. Вашето однесување само вие можете да го контролирате. Обидете се, што е можно повеќе да размислувате позитивно, како би го задржале стресот подалеку од вашето работно место.

Не се замарајте со мали работи-направете разлика меѓу она што е навистина важно во вашиот живот, и многу проблеми едноставно ќе исчезнат.

Опуштете се-длабоко издишете и ослободете се од напнатоста. Читајте книги, гледајте комедии, или отидете на прошетка. Наскоро ќе видите дека вашите проблеми, предизвикани од стрес се веќе минато.

Игнорирајте стресна ситуација-не дозволувајте да се заплеткате во туѓи проблеми и стресни ситуации. Имате доволно сопствен стрес.

Научете како да управувате со времето-многу луѓе се под стрес бидејки не можат навремено да ја завршат својата работа. Погледајте го својот распоред и означете си приоритети.

Научете да се справите со конфликтни ситуации-бидете ладни и  смирени. Стресот се појавува кога расте напнатоста.

Научете како да ги изразувате своите чувства-разговарајте со пријателите или блиските колеги за она што го чувствувате, тоа е добар начин за борба против стресот. Немојте своите проблеми да ги чувате длабоко во себе.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП