24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПравилно чистење на телефонот

Правилно чистење на телефонот

clean1

Колку пати на ден ги миете рацете? Колку често го чистите телефонот?

Уредот кој постојано ни е во рацете, и често е на нашето лице, без редовно чистење може да стане вистинско легло на бактерии.

Правило број 1: Уредите осетливи на допир не ги чистете со хартиени крпи или марамчиња, бидејќи тие создаваат тенки гребнатини на површината на екранот.

Најдобро е да се користи мека крпа за чистење на екрани. Најдобар избор е микрофибер крпата.

Правило број 2: За отстранување на маснотиите од екранот добри се и посебните марамчиња кои се наменети за чистење на очила, бидејќи тие не создаваат гребнатини, а во себе содржат средство за чистење.

Правило број 3: Доколку на екранот се наоѓа дамка од храна, течност или шминка, изгасете го уредот и извадете ја батеријата. Парчето мека крпа натопете го во обична вода, само да биде влажно и избришете го екранот.

Внимавајте влагата да не навлезе во просторот каде што е сместен звучникот или микрофонот.

Правило број 4: Никогаш не ги користете средствата за чистење на прозори или оние кои содржат алкохол, бидејќи тие можат да го уништат фабричкиот заштитен слој на екранот.

Ако уредот случајно ви падне во вода, веднаш исклучете го и отстранете ја батеријата. Сушете го природно, наместо со фен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП