29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Брокула диета

ДИЕТА: Брокула диета

brokuladieta4e564g6e

Оваа диета ќе ви помогне да ослабите 7 – 9 килограми за 10 дена. Самото мени вклучува пет промени на таканареченит режим. На пример : Првите два дена првиот режим, следните два дена вториот режим и така до крајот кога завршувате со петиот режим. Првите 6 дена од оваа диета се клучна фаза, а двата следни режими се додаток.

Намирниците опфатени со оваа диета се одличен извор на витаминот Ц, кој го забрзува метаболизамот и го потикнува слабеењето. Брокулата е една од најкорисните зеленчуци и според истражувањата содржи големи количини витамини и минерали.Брокулата е еден од најдобрите извори на калциум кој има многу важна улога во слабеењето. Вклучувајќи ги брокулите во секојдневната исхрана ќе бидете поздрави, повитални и секако, повитки.

План на оброци за диетата со брокула

Диетниот план на оброци за диетата со брокули содржи разни видови на намирници : моркови, компир, риба, црвено месо ,месо од живина, домати, `ржан леб , зеленчук, кисел крем, црн пипер, маслиново масло, кромид. Може да пиете обична вода, минерална вода а понекогаш и немасни млечни напитоци.

Главна фаза:

 

Прв режим – прв и втор ден

Појадок: 200 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.

Ручек: 150 гр. варено пилешко и 250 мл. благо посолена пилешка чорба. Како додаток 100 гр. варена брокула со сол.

Вечера: 250 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.

 

Втор режим – трети и четврти ден

Појадок: Динстани брокули на маслиново масло со додаток на пиперка и лук. Во подлабока тава за пржење ставете маслиново масло, 200 гр. брокула, едно исецкано парче лук, една исецкана пиперка и малку сол. Динстајте 20 минути поклопено на тивок оган.

Ручек: Динстани брокули на маслиново масло со домати и кромид. Во тава за пржење ставете маслиново масло.Ставете 150 гр. брокула, половина главица кромид со средна големина, два исецкани домати и малку сол. Динстајте 20 – 25 минути поклопено на тивок оган.

Вечера:  Исто како и појадок.

 

Трет режим – петти и шести ден

Појадок: Салата од брокула, кисело млеко со намалена масленост и варено говедско месо. Варете 100 гр. говедско, помешајте го со 100 гр. исецкана брокула и додадете 2 лажици кисело млеко со намалена масленост и малку сол. Една чаша кефир со намалена масленост ќе го комплетира оброкот.

Ручек: 200 гр. обарена брокула во малку посолена вода. Ставете ја брокулта во лонец со вода која врие и варете не повеќе од 5 минути.

Вечера: 150 гр. варено говедско месо малку посолено, 1 чаша чиста вода.

 

Додатна фаза

Четврти режим – седми и осми ден

Појадок: 100 гр. варена брокула, 2 меко варени јајца, една шоља црн чај без шеќер.

Ручек: Супа од брокула. Во 300 мл. пилешка супа додадете 100 гр. брокула, малку магдонос и малку сол. Варете на тивок оган 20 минути.

Вечера: 2 парчиња `ржан леб, еден домат, 100 гр. варена брокула, една шоља сок од домати.

 

Петти режим – девети и десети ден

Појадок: 100 гр. варена брокула со сол и два обарени моркови.

Ручек: 100 гр. варена брокула со сол, 100 гр. обарена риба (може да користите било кој вид на риба).

Вечера: 200 гр. варена брокула со сол, еден варен компир со лушпа.

Диетата со брокула ги содржи сите состојки кои ќе ви помогнат да ослабете и да го одржите јакиот имунолошки систем, што гарантира дека изгубените килограми нема брзо да се вратат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП