29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрисел и одобри на Франција да му помогне на „Пежо“

Брисел и одобри на Франција да му помогне на „Пежо“

pezo1

Европската комисија денеска и одобри на Франција да му пружи привремена помош на производителот на автомобили ПСА „Пежо ситроен“ во вид на шестмесечна гаранција од 1,2 милијарди евра.

Комисијата напомена дека во рок од шест месеци очекува план за реструктурирање на целокупната групација.

– Одобрение за оваа гаранција беше неоопходно на банката ПСА Финанс (банкарски огранок Пежо Ситроен) да овозможи пристап на пазарот, како и да се избегне проблемите да се прошират низ финансискиот банкарски сектор, што би влијаело на трошоците на задолжување ПСА Финанс, се наведувба во соопштението на Комисијата.

Глобалната продажба на најголемата француска и втора по големина европска автокомпанија опадна минатата година за 16 отсто, под три милиони возила, поради намалување на побарувачката во Европа, каде компанијата остварува околу 60 отсто од приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП