29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAбрамович ги подготви милионите за Коста

Aбрамович ги подготви милионите за Коста

diego costa celziii2

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да ја плати клаузулата за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста.

Името на натурализираниот Шпанец се поврзува со трансфер во насока на „Стемфорд Бриџ“ уште од зимскиот преоден рок и по се изгледа дека лондончани се цврсто решени да го донесат во своите редови.

Диего Коста има одлична сезона во дресот на „јорганџиите“. Тој постигна 24 гола во 28 натпревари од почетокот на сезоната и во голема мера благодарение на него, тимот од Мадрид е во борба за титулата во Примера дивизион.

Неговите настапи не останаа незабележани од европските гиганти, кои веќе ги насочија своите погледи кон него. Челзи е на прво место меѓу потенцијалните кандидати за неговиот потпис, но освен тоа интерес кон Коста има и од Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Во моментов, тимот од „Стемфорд Бриџ“ е чекор пред конкурентите и според последните информации Абрамович е подготвен да плати 32 милиони фунти, колку што е клаузулата во договорот на играчот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП