20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрампа - Касилјас за Харт!?

Трампа – Касилјас за Харт!?

trampa iker joe

Англиските медиуми денеска ја пренесуваат информација дека „кралскиот клуб“ е заинтересиран во текот на летото во своите редови да го доведе голманот на Манчестер Сити, Џо Харт.

Ситуацијата во врска со Реал Мадрид, како и со Манчестер Сити, во врска со позицијата голман, во најмала рака е чудна во оваа сезона.

Карло Анчелоти ја продолжи политиката на Мурињо, иако му даде повеќе простор на легендарниот Икер Касилјас, кој во последниве години не успева да ги убеди менаџерите за своите квалитети. Работата му ја отежна и Диего Лопес, кој е голман со одлични квалитети, а летниот преоден рок кој е пред нас може да донесе одредени промени.

Кога станува збор за Манчестер Сити, репрезентативниот голман на Англија во последно време добива големи критики. Неговите поединечни потези и реакции сосема заслужено добија критики, а некои тврдат ваквата негова игра е поради недостатокот на вистинска конкуренција на голот на Сити, т.е. недостатокот на мотивација и желба за докажување.

Англиските медиуми одлучија да ги соединат двете приказни, да ги сплеткаат „кралевите“ и „граѓаните“, т.е. да предложат сценарио по кое Харт во текот на летото за сума од 25 милиони ќе стане нов член на Реал Мадрид.

Други пак шпекулираат дека клубовите ќе ги заменат голманите, па Икер ќе пристигне на „Етихад“ како дополнување на трансферот и дека ќе биде доволно да го убедат Пелегрини да се откаже од својот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП