19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилјаш-Боаш „мерка“ тројца играчи на Реал

Вилјаш-Боаш „мерка“ тројца играчи на Реал

andre zenit

Новиот тренер на Зенит, Андре Вилјаш-Боаш нема намера да е скромен во летниот преоден рок. Португалецот добил ветување дека ќе има сериозни средства за засилување на тимот и веќе работи на подготвување на листата со посакуваните фудбалери.

Меѓу првите на листата место заземаат тројца фудбалери на Реал Мадрид, за кои се зборува дека од летото ќе го напушат кралскиот клуб. Тоа се Фабио Коентрао, Алваро Мората и Сами Кедира.

Тројцата играчи се проценети на вкупно околу 50 милиони евра, сума која не е проблем за Зенит.

Единствен проблем ќе биде тоа дали самите играчи би имале желба да играат во Русија. Најмала е шансата таков чекор во својата кариера да преземе Мората, за кој сериозен интерес има од страна на Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП