25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го реализираше договорот на Карваљо!?

Јунајтед го реализираше договорот на Карваљо!?

karvaljo sportung

Англиските медиуми јавуваат дека по неколкумесечното следење на настапите и посетите на Лисабон, Манчестер Јунајтед го реализираше трансферот на Вилијам Карваљо од Спортинг и тоа за сума од 37 милиони фунти!

Според информациите, играчот на португалскиот тим е платен 37 милиони фунти и на „Олд Трафорд“ ќе се пресели пред почетокот на Мундијалот во Бразил.

„Карваљо го посети тренинг центарот на Манчестер, ги разгледа клупските простории и се запозна со клубот“, се вели во медиумите.

Инаку, Карваљо има 21 година и станува збор за многу голем талент, кој своите квалитети ги покажа и на последниот меч против Маритимо кога го постигна вториот гол во победата од 3:1.

Додека не пристигне потврда од самиот клуб, англиските медиуми се занимаваат и со проблематиката oд договорот на Карваљо, кој 60% е во сопственост на Спортинг, додека останатите 40 проценти ги држи маркетинг компанијата „BES“.

Според некои извори, Карваљо има откупна клаузула од 45 милиони евра, а договорот со клубот од Лисабон му истекува во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП