29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок во Англија - Венгер си заминува од Арсенал!?

Шок во Англија – Венгер си заминува од Арсенал!?

Wenger-Bradford

Неверојатно, но се чини дека Арсен Венгер ќе си замине од Арсенал во текот на летото по 18 години во клубот. Незамислива до неодамна, но разделбата сега звучи сосема веројатна, откако Французинот одби да ја потпише понудата за нов договор.

Раководството на Арсенал му понуди тригодишно продолжување на договорот со зголемена плата, но Венгер го одложи потпишувањето со образложение дека има време до крајот на сезоната.

По поразот во саботатa со 0:6 од Челзи, Французинот не се појави на прес-конференцијата со аргумент дека автобусот со тимот требало да тргнува за базата и не можел да го чека. Чудно извинување за човек со негови манири.

„Венгер мора да си оди! Грешките во тимот му се повторуваат при секој сериозен натпревар, а добар тренер се познава по тоа што ги поправа грешките“, рече во студиото на БиБиСи поранешниот играч на Арсенал, Стјуарт Робсон.

Тимот на Венгер загуби со 3:6 како гостин кај Сити и 1:5 на теренот на другиот тим од челната тројка – Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП