19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ бара Албанија да ја зголеми старосната граница за одење во пензија

ММФ бара Албанија да ја зголеми старосната граница за одење во пензија

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Меѓународниот монетарен фонд, ММФ и даде на Албанија заем од над 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија.

– ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67-годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница,додека жените на 65-годишна возраст наместо на 63 колку е сегашната старосна граница.

За таа цел оваа институција бара итно фрмирање комисија за реформа во пензискиот систем, наведува порталот Албеу.

Според ММФ актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна на голем дел од вработените.

Ваквата ситуација создала голема дупка помеѓу оние кои плаќаат придонеси и оние кои од нив профитираат.

– Албанците кои добиваат просечна или висока плата, декларираат многу пониска реална плата за да не плаќаат повисоки придонеси, оценува ММФ.

Искажувајќи загриженост за актуелната економска состојба ММФ смета дека Владата на Еди Рама треба да ги зголеми давачките за увоз на стари возила во земјата и да зголеми неколку даночни стапки во одредени сфери.

На почетокот на месецов на Албанија и беше одобрен заем во износ од 330,9 милиони евра во рамки на тригодишниот договор за соработка со ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП