29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија 20,4 милијарди евра или 62,9 отсто од БДП

Јавниот долг на Србија 20,4 милијарди евра или 62,9 отсто од БДП

srb

Српското Министерство за финансии објави денеска дека јавниот долг на Србија во февруари оваа година е зголемен за 178 милиони евра и достигнал околу 20,4 милијарди евра или 62,9 отсто БДП.

Јавниот долг на Србија на крајот на 2013 година изнесувал 20,089 милијарди евра или 61,2 отсто од БДП, а според Законот за буџетски систем учеството на јавниот долг на Србија во БДП е ограничено на 45 отсто.

На крајот на февруари 2014 директните обврски на државата изнесувале 17,6 милијарди, а индиректните 2,794 милијарди евра.

Според официјалните податоци, јавниот долг на Србија на крајот на 2000 бил околу 14,2 милијарди евра, или што тогаш изнесувало 169,3 отсто од БДП, а оттогаш тој е намалуван до крајот на 2008 година на околу 8,78 милијарди евра (29,2 отсто од БДП).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП