25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали рејтингот на Русија

S&P го намали рејтингот на Русија

rusijan2973ry932yr

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Standard and Poor’s- S&P“ ја влоши прогнозата за рејтингот на Русија од „стабилно“ на „негативно“ ниво.

Прогнозата е влошена поради растот на геополитичките и економските ризици, соопшти агенцијата.

Долгорочниот суверен рејтинг на земјата во странска валута е потврден на нивото „ВВВ“, а во национална валута на нивото „ВВВ+“, пренесува АП.

Влошената прогноза е поврзана со можните значајни економски и финансиски последици од санкциите на Европската унија и САД, се наведува во соопштението.

Сепак, санкциите од страна на ЕУ, може да бидат ограничени поради трговските и енергетските интереси на Европа, додава агенцијата.

„S&P“ очекува понатамошно забавување на БДП во оваа земја и предвидува раст од 1,2 проценти за оваа година, во однос на два проценти кои беа предвидени во декември. А прогнозата за БДП во 2015 година е 2,2 проценти, во однос на претходно предвидените три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП