25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБКМ: Реално договарање и почитување на работничките права

БКМ: Реално договарање и почитување на работничките права

rabotnici prava2222

Колективните договори генерално не се почитуваат, а најпогодени се текстилната и кожарската индустрија каде има отстапки во исплатата на минималната плата и во обезбедувањето соодветни услови за работа.

Ова е генералната оценка на Бизнис конфедерацијата на Македонија и Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои денеска користејќи искуства од европски држави дебатираа како да се подобри социјалниот дијалог во Македонија.

– Важно е она што е напишано да се почитува, да не се изигрува законот. Како претставници на работодавачите кои сакаат да ги почитуваат човековите права и Законот за работни односи сметаме дека ќе мора да се смени начинот на договарање, односно она што не може да се исполни, подобро да не се договара. Поважно е реалното договарање, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Според претседателот на Синдикатот за текстил и кожа Анѓелко Анѓелковски, генерално не може да се каже дали се почитува исплатата на минималната плата бидејќи голем е бројот на компании од овие индустрии чии работници не се членови на синдикатот.

– Сигурно дека има одредени аномалии, но она што радува е дека инспекцијата најавува ригорозни мерки и контроли. Ова е посебно важно за текстилната и кожарската индустрија каде се најмали платите, рече Анѓелковски.

Во однос на безбедноста на работното место, Анѓелковски вели дека сеуште има недостатоци, но оти за разлика од порано условите се подобрени.

– Работодавачите сфатија дека ако немаат безбедни работни места и соодветни услови за работа, тогаш тоа ќе им влијае на квалитетот и на квантитетот во производството. Има напредок и тоа е добро затоа што во спротивно ќе имаме незадоволство меѓу работниците, а работодавачите ќе губат, истакна Анѓелковски.

Вработените од текстилната и кожарската индустрија согласно Законот за минимална плата, треба да земаат 7.500 денари, а во следните пет години постепено платата да достигне до 10.500 денари.

За разлика од Македонија, во Словенија, земја членка на Европската унија, минималната нето плата изнесува околу 600 евра, а бруто износот е 800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП