29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Имало корупција во црногорскиот Телеком

САД: Имало корупција во црногорскиот Телеком

crnagora4

– Во американската Комисија за хартии од вредност и берза постојат докази дека во аферата „Телеком“ во Црна Гора имало подмитувања, соопшти амбасадата на САД во Подгорица.

Амбасадата ги повика властите да спроведат истрага и да ги приведат виновниците вмешани во овој случај.

Во соопштението на американската Амбасада, што го пренесува подгоричкиот весник „Вијести“, се наведува дека помошник главниот застапник на тужбата Роберт И. Доџ веќе ја информирал одбраната дека Комисијата за хартии од вредност и берза нема да продолжи со постапување во врска со своите фактички тврдења за корупција во Црна Гора, туку дека, со цел да ја рационализира постапката, во натамошното постапување во овој предмет својата тужба во целост ќе ја базира на тврдењата за поврзаност со Македонија.

– Амбасадата на САД ја поддржува истрагата помогајќи им на властите да добијат документи поврзани со овој предмет. Амбасадата на САД ги повикува црногорските власти да спроведат целосна истрага и пред правдата да ги изведат сите кои се виновни во овој случај, се порачува во соопштението на Амбасадата по повод, како што наведува, интересот на медиумите за коментар во врска со последните случувања во случајот „Телеком“.

Црногорските власти во јануари 2012 година се согласија да започнат истрага за овие тврдења.

Медиумите потсетуваат дека постапката против Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи заради корупција во Македонија и Црна Гора на американската Комисија, во еден дел се однесува на тврдењата дека тројцата одобриле „Маѓар Телеком“ со 7,35 милиони евра да ги подмити владините претставници во Црна Гора, со цел на унгарската компанија да и овозможат да се стекне со сопственост над државната телекомуникациска компанија „Телеком Црне Горе а.д.“

– Бидејќи акциите на „Маѓар Телеком“ котираат на американската берза, САД имаат јурисдикција над директорите на „Маѓар Телеком“ заради кршење на Законот за странска  коруптивна пракса од 1977 година, се додава во соопштението.

Притоа се наведува дека од овие причини Комисијата за хартии од вредност и берза може да ги тужи овие поединци. Во тужбата се наведува дека тројцата унгарски директори, од кои двајца биле членови на Одборот на директори на црногорскиот „Телеком“, по  приватизацијата, во 2005 година, подмитиле повеќе претставници на црногорската Влада, како и „сестрата на највисокиот владин функционер, која се занимава со адвокатура“.

Истрагата на црногорското Обвинителство официјално е се уште во тек , а минатата година во него пристигнаа илјадници страници документација од САД што треба да помогнат во расветлување на случајот, пишува „Вијести“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП