19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија воведе финансиски санкции

Австралија воведе финансиски санкции

avstralija1

Австралија воведе финансиски санкции и забрана за влез во земјата за лица кои имаат клучна улога во руската политика која претставува закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави денес австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп.

Овие мерки ја потврдуваат јасната и недвосмислена поддршка на Австралија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, изјави таа.

Министерството за надворешни работи соопшти дека имињата на црната листа нема да бидат објавени.

Во соопштението се наведува дека ова е направено со цел да се спречат ризиците од повлекување на капитал од Австралија, пренесува агенцијата Итар тас.

ЕУ, САД, како и Летонија, воведоа санкции против одделни руски и украински официјални лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП