25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБидете свои на работното место

Бидете свои на работното место

h

Луѓето поминуваат премногу време, обидувајќи се да им се допаднат на другите и обидувајќи се да ги задоволат. Многу е полесно да бидете свои, отколку другите да очекуваат да се прилагодите на нив.

Време за промена на улогите

Понекогаш ви се чини дека само надредените имаат право да бидат онакви какви што се, со сите свои маани и недостатоци. Од друга страна, вие мора на другите да им ги поднесувате недостатоците, инаку ризикувате критики и незадоволства на своја сметка. Немојте да стравувате, дека ако го покажете своето вистинско лице нема да бидете успешни во тоа што го работите.

Пред да започнете

Престанете да се сфаќате толку сериозно. Навистина, луѓето трошат премногу време грижејќи се за својот углед – многу често забораваат да превземат ризик и да изградат углед. Прво, научете да се чувствувате добро во сопствената кожа, никогаш не треба да ви биде непријатно од вас самите.

Камено лице

Според изразот на лицето, можеме да го прочитаме расположението на другите. Со сопствениот израз на лице, можеме да постигнеме некој да се чувствува пријатно или непријатно во наше друштво, но можеме и да му направиме на соговорникот целосна конфузија.

Израз на лице кое влева најмногу стравопочит е таканареченото ‘камено лице’. Таквото лице не дава никаква повратна информација, вашиот соговорник нема да знае дали го одобрувате неговото мислење или не. Тој израз влева несигурност, а вие истовремено оставате впечаток на „cool“ личност која знае што сака.

Важен е стилот на облекување

Неверојатно колку стилот на облекување може да ги збуни и исплаши другите луѓе. Секогаш бидете свои.

Личен простор

Секој човек има свој приватен простор кој го опкружува. Тоа е тој простор што го создаваме при разговорот со другите. Во моментот кога некој ќе се доближи премногу блиску до вас, го нарушува вашиот приватен простор и почнувате да се чувствувате непријатно, збунето и инфериорно.

Ова е едноставен начин да ги збуните другите луѓе, едноставно влезете во нивниот приватен простор. Само не го правете тоа кога сте лути, бидејќи може да биде сфатено како провокација.

Премногу од се

Луѓето се чувствуваат непријатно пред луѓе кои претеруваат во акциите. Тоа значи зборување премногу тивко или премногу гласно, одење брзо или споро, пренагласено гестикулирање или мирни како кип, што и да направите тоа ќе ги збуни луѓето, и ќе ги одбие да ве провоцираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП