19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоаѓа најдобриот смартфон на светот

Доаѓа најдобриот смартфон на светот

Кога „Dell“ пред неколку години го претстави смартфонот „Streak“ со дијагонален екран од пет инчи, многу новинари и корисници, тогаш, коментираа дека овој уред е преголем за да го користат како „паметен“ телефон, но и дека е премал за таблет бидејќи тогаш стандард беше „iPad“ на „Apple“ и неговите 9,7 инчи.

Денес ситуацијата во потполност се промени и поголемиот дел од напредните модели на смартфони, кои се представени оваа година, имаат екрани со дијагонала помеѓу 4,5 инчи (со ретки исклучоци како што се „iPhone“ и „HTC 8X“) и 5,5 инчи, колку што изнесува дијагоналата на екранот на „Galaxy Note 2“ на „Samsung“. Иако би помислиле дека смартфон со екран од 5,5 инчи би ви бил преголем и незгоден за секојдневна употреба, од „Samsung“ велат дека продажбата на „Note 2“ оди одлично, бидејќи ги привлече купувачите кои не можеле да се одлучат помеѓу купување на смартфон и таблет.

„Galaxy Note 2“ наскоро ќе добие голем конкурент од „Huawei“, кој на почетокот на идната година, како што велат на „Tech Radar“, би требало да го прикаже најмоќниот смартфон на светот со 1,8GHz четворојадрен процесор и дијагонала на екранот од дури 6,1 инчи. На интернет, првите гласини за овој телефон се појавија уште во октомври, но од него долго време немаше никакви службени информации, а на страната „BGR.com“ велат дека оваа недела Ју Ченгдонг од „Huawei“ потврдил дека неговата компанија работи на ваков уред.

Досегашните гласини велат дека „Huawei Ascend Mate“ паметниот телефон би требало да има екран со дијагонала од 6,1 инчи со резолуција од 1920х1080 пиксели, ќе има 2GB RAM и моќна батерија со капацитет од 4.000mAh.

Споредувајќи го овој телефон со „Note 2“ на „Samsung“, Ченгдонг рече дека нивниот телефон ќе има кул дизајн, подобар екран и посилна батерија. Тој исто така додаде дека, корисниците кои се заинтересирани за купување на смартфон со голем екран ќе треба да почекаат да излезе уредот на „Huawei“ кој ќе биде подобар и поевтин од „Note 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП