18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИдеи кои би можеле да го променат светот

Идеи кои би можеле да го променат светот

svet1

Веројатно некогаш сте се запрашале како ќе изгледа светот за околу 20 години, и што би ни помогнало да живееме во подобро опкружување.

Тимот од сајтот „Wired.com“, одлучи посериозно да истражува за ова прашање.

Тие во предвид земаа голем број на трендови, но се обидеа и да проучат што би ни претставувало проблем за околу 20 години и како тоа однапред да го решиме.

Авиони на електрична енергија

avioni1

Авиоиндустријата повеќе години се обидува да ја зголеми ефикасноста на горивото, бидејќи тие очекуваат вистинска „експлозија“ на воздушниот сообраќај до 2031 година, а причината пред се е порастот на животниот стандард во земјите во развој.

Во моментов постојат неколку потенцијални решенија кои би можеле да се применат, а за едно од нив размислува и НАСА. Поточно, нивната идеја е да произведат авиони со 50 проценти помала потрошувачка, а со понапреден навигациски систем би требале да се намалат и часовите на летање. За пократките растојаниа, планирани се електрични авиони кои ќе се полнат на електрична енергија, па дури и на соларна енергија.

Снабдување на планетата со микро уреди

mikro1

Хемичарот Хари Греј со своите колеги работи на изработката на минијатурни батерии, кои од едната страна имаат метални оксиди, а на другата силикон. Металните оксиди би требало да ја апсорбираат сончевата светлина со кратка бранова должина, а собраната енергија да ја користат за разложување на морската вода на кислород и протони.

Силиконот би требало да ја апсорбира сончевата светлина и да ги комбинира протоните со електроните. Протоните во комбинација со електроните создаваат водород, а токму тој во иднина би можл да користи за производството на горива. Овој начин би требало да биде 10 пати поефикасен од верзијата на фотосинтезата, но Греј тврди дека за уредите со поголеми пропорции нема да може да се говори уште повеќе децении.

Wi-Fi спреј

sprej1

Преоптеретувањето на мрежата ќе продолжи да се зголемува со се поголемиот број на паметни телефони и таблети, а ограничувачкиот пристап не е никакво решение. Дополнителен проблем се ретко населените области кои не се покриени со квалитетен сигнал.

Меѓутоа, решение би можела да биде антената во „Wi-Fi“ спрејот на кој во моментов работи „Chattech Enterprises“, а станува збор за течност со нано-кондензатори, кои, кога ќе се нанесат на уредот, со поголем квалитет го примаат сигналот.

Дијамантски облакодери

dijamant1

Дијамантот е еден од најтврдите материјали. Тој е потполно проѕирен, не создава триење и е одличен проводник на топлина. Некои експерти дошле до идеја дека токму дијамантот би можел да го замени челикот во изградбата на високите згради.

Нормално, проблемот е достапноста на дијамантот, но може да се усоврши технологијата со која значително би се намалила цената за производство на дијаманти, кои би служеле за изградба на високите згради. Исто така, применливоста на дијамантите е неопходна и во производството на делови за авионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП