25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Домаќинствата ја платија цената на кризата во Грција

ММФ: Домаќинствата ја платија цената на кризата во Грција

grcija4

Домаќинствата во Грција загубија 11,9 отсто од приходите во периодот 2008-2012 година, покажува истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд.

Тоа е најголем пад на приходите во Европската унија од почетокот на кризата, што го појаснува и острото противење на Грците на мерките за штедење, наметнати од меѓународните кредитори заради отпушање на финансиска помош за земјата.

Во тој период десет отсто од најсиромашните Грци загубиле 15 отсто од своите приходи.

Состојбата во Грција сепак е доста полоша, бидејќи податоците на статистичките служби од јануари ова година покажуваат дека приходите на Грците во четвртиот лански квартал се намалиле за 31,8 отсто во однос на истиот период од 2008 година.

ММФ исто така смета дека намалувањето на платите во државниот сектор и на пензиите и зголемувањето на даноците на приходите во Грција во периодот 2008-2012 година довеле до продлабочување на економската нееднаквост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП