29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Форбс“: Грција сака да игра нова енергетска улога

„Форбс“: Грција сака да игра нова енергетска улога

atinatrojka

– Грција сака да игра нова енергетска улога, е наслов на статија на списанието „Форбс“.

– Додека Европа се занимава со тоа што ќе се случи, доколку Русија одлучи да го затвори вентилот на природниот гас, Атина изгледа одлучила дека сега е вистинскиот момент да се здобие со една нова енергетска улога, се наведува во статијата на „Форбс“.

Грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на енергетски форум во Атина вчера ги изложи целите, кои Грција како актуелен претседавач на Европската унија, планира да ги реализира во областа на енергетиката.

– Грчкото претседателство им придава особено значење на енергетските прашања, со оглед на тоа дека тие влијаат директно и на надворешната политика на ЕУ, рече Венизелос и додаде дека не може да има индустриска политика без енергетска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП