25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција се зголемува

Невработеноста во Грција се зголемува

grcija2

Невработеноста во Грција продолжува да се зголемува, откако во последниот квартал од минатата година достигна 27,5 отсто, наспроти 27 проценти во третото тримесечие и 26 отсто на крајот од 2012 година, соопшти денеска грчката Национална статистичка служба.

Во периодот октомври-декември 2013 бројот на невработените изнесувал 1,36 милиони лица, а вработени биле 3,59 милиони луѓе.

Вработеноста на годишно ниво се намалила за 2,5 отсто, а невработеноста се зголемила за 5,2 проценти.

Невработеноста кај жените достигнала до 31,7 отсто, а кај мажите до 24,4 проценти. Без работа се 57 отсто од младите луѓе на возраст до 24 години.

Најголема невработеност има во грчките области Централна Македонија (30,3 отсто), Западна Македонија (29,7 отсто) и Западна и Континентална Грција (28,9 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП