25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден загинат при уривање на рудник за боксит во БиХ

Еден загинат при уривање на рудник за боксит во БиХ

rudari1

Еден рудар загина откако бил затрупан при одрон на земја во рудникот за боксит „Јајце“ во Босна и Херцеговина.

Инцидентот се случил на длабочина од околу 200 метри под површината на земјата во момент кога загинатиот рудар поставувал експлозив.

Неговиот колега кој се наоѓал во близина останал без повреди.

Несреќата се случила во вторникот, а во текот на вчереашниот ден во рудникот бил извршен увид од страна на обвинител и полиција, во соработка со федерален рударски инспектор.

Полицијата засега не може да потврди како дошло до уривање на рударската јама.

Во последните 15 години, откако повторно е започнато производството во рудниците за боксит „Јајце“, каде се вработени 160 работници, ова е втора несреќа со смртен случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП