25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци: Намалување на данокот на приходите

Ренци: Намалување на данокот на приходите

X

Италијанскиот премиер Матео Ренци им вети на граѓаните намалување на даноците на приходите, што ќе биде една од првите економски мерки на неговата влада.

За покривање на тие намалувања, според зборовите на Ренци, ќе бидат искористени 20 милијарди евра, а италијанските работници поради таа мерка од крајот на април ќе имаат поголеми приходи, пренесува агенцијата АП.

Како што е соопштено од страна на италијанските медиуми, заработката на работниците би можела да биде зголемена во опсег од 80 до 100 евра месечно.

Ренци настојува да ја оживее слабата економија на Италија, истовремено помагајќи им и на обичните граѓани кои го носат товарот од мерките за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП