20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал раст на цените во Шпанија

Мал раст на цените во Шпанија

shpanija4

Потрошувачките цени во Шпанија благо пораснаа во февруари, во време на смирувањето на стравувањата од дефлација во еврозоната, покажаа денес официјалните податоци во Мадрид.

Цените минатиот месец се зголемиле за 0,1 проценти, по растот од 0,3 проценти во јануари, наведува шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците за инфлацијата покажуваат дека вкупните цени во Шпанија беа значително зголемени, поради падот на цената на превозот, поради поевтинетото гориво. Февруарската стапка на инфлација е најниска од октомври минатата година, кога потрошувачките цени мируваа.

Инфлацијата во Шпанија, која во втората половина од 2013 година се извлече од двегодишната рецесија, сеуште е под целното ниво на Европската централна банка од два проценти. Иако за купувачите ниската инфлација е поволна, долгиот и упорен пад на цените ги поттикнува дополнително да ја одложуваат потрошувачката бидејќи чекаат на дополнително намалување на цените, а тоа негативно влијае на економијата.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагар ја повика овој мецес еврозоната да се избори со упорно ниската инфлација, предупредувајќи дека таа претставува закана за економското закрепнување на регионот. Инфлацијата во еврозоната во февруари мируваше на 0,8 проценти, колку што изнесуваше и во претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП