24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК одобри олеснувања за Украина

ЕК одобри олеснувања за Украина

ukraina

Европската комисија одобри трговски олеснувања за Украина, чија вредност се проценува на околу 500 милиони евра.

ЕК ги укина увозните царини од широк спектар на земјоделски и други производи од Украина, со цел обезбедување на стимулација на нејзината економија.

Ваквата одлука, според зборовите на европскиот комесар за трговија Карл де Гихт, ќе стапи на сила веднаш и ќе биде на сила најмалку до 1 ноември оваа година, бидејќи дотогаш, според проценките на експертите од Европската унија, би требало да биде потпишан договорот за слободна трговија со Киев, пренесува Ројтерс.

Вкупната вредност на тие трговски олеснувања е проценета на 487 милиони евра годишно, изјави Гихт. Ваквата одлука е дел од напорите на ЕУ да ја поттикне економијата на Украина по падот на претседателот Виктор Јанукович.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП