20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал бара 25 милиони за Мората

Реал бара 25 милиони за Мората

morata arsenal

Реал Мадрид ја одреди цената за фудбалерот кој веќе подолго време се поврзува со заминување во редовите на лондонски Арсенал.

Арсен Венгер во јануари не успеа во својата намера како позајмен играч да го земе Алваро Мората од Реал Мадрид, сепак одличниот млад напаѓач и натаму е во радарот на францускиот тренер.

Во меѓувреме, интерес за овој 21-годишен фудбалер покажаа и Ливерпул и Тотенхем, а „кралевите“ го променија својот став во врска со својот фудбалер, па така во текот на летото ќе му дозволат да си замине.

Сепак, сите заинтересирани ќе мораат да одвојат добра сума на пари во износ од 25 милиони фунти, доколку сакаат да ги обезбедат услугите на овој играч.

Знаејќи ја политиката на работење која ја форсира Арсен Венгер, голема е веројатноста дека нема да прифати под овие услови да го доведе Мората, па така ќе се остави простор за другите заинтересирани.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Мората го следат и од Интер, клуб во кој се најавува реорганизација на играчкиот кадар.

Како и да е, Мората оваа сезона беше маргинализиран во редовите на Реал Мадрид, забележа 15 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП