20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотрошувачите на производите на Дукат во Македонија се безбедни

Потрошувачите на производите на Дукат во Македонија се безбедни

dukat1

Македонските потрошувачи на производите на „Дукат“ се безбедни, соопшти денеска хрватскиот производител откако надлежните органи во Хрватска констатирале отстапување од пропишаните дозволени количини микотоксини кај два нивни производа.

– Компанијата превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин, со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите, стои во соопштението.

Едниот од двата производа кај кои прелиминарните контроли покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин – трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8 отсто во тетрапак пакување од половина литар, воопшто не се увезува во Македонија.

Во однос на вториот производ, трајното млеко „Дукат – лагано јутро“ со трајност до 25.04.2013, целокупната количина од оваа серија наменета за македонскиот пазар се наоѓа во магацините на увозникот, со што стопирана е неговата дистрибуција до продажните места, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП