23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочна судењето на претседателот на Баерн

Почна судењето на претседателот на Баерн

henes

Во Минхен денеска започна судењето на Ули Хенес, претседателот на европскиот и германски шампион Баерн Минхен поради затајување данок.

Јавното обвинителство на германската покраина Баварија минатата година покрена обвинение против Хенес поради неговото признание на покраинските власти дека не пријавил сметка во швајцарска банка.

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ објави дека обвинителството го товари првиот човек на Баерн за затајување данок во вредност од 3,5 милиони евра.

Пресудата за овој случај се очекува да биде донесена в четврток.

На 62-Хенес кој своевремено беше репрезентативец на Западна Германија и настапуваше за оваа земја на Светското првенство во Германија 1974 година, му се заканува казна од максимални 10 години затвор во случај да биде прогласен за виновен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП