29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКои се најбогатите фудбалери во светот? (видео)

Кои се најбогатите фудбалери во светот? (видео)

goal com fudbal

Напаѓачот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо е најбогат актуелен фудбалер во светот.

Ова го покажува годишната листа на „Goal.com“. Богатството на португалскиот голгетер изнесува околу 148 милиони евра. Роналдо го наследи Дејвид Бекам, кој долги години беше број еден во ова рангирање, но веќе не е во листата поради тоа што Англичанецот реши да стави крај на својата фудбалска кариера.

Кристијано доживува голем момент во кариерата, откако во јануари ја освои „Златната топка“, а неколку месеци претходно потпиша мултимилионски договор со „кралевите“. Интересно е дека само со два милиони помалку се бројат финансиите на Лионел Меси. Аргентинецот преживеа тешки месеци, откако беше суден и од даночните власти во Шпанија.

Првите пет ги дополнуваат Самуел Ето, Вејн Руни и Кака. Шестата позиција е за новата ѕвезда на Барселона, Нејмар.

Топ 10 најбогати активни фудбалери:
1. Кристијано Роналдо – 148 милиони евра.
2. Лионел Меси – 146 милиони евра.
3. Самуел Ето – 85 милиони евра.
4. Вејн Руни – 84 милиони евра.
5. Кака – 82 милиони евра.
6. Нејмар – 80 милиони евра.
7. Роналдињо – 78 милиони евра.
8. Златан Ибрахимовиќ – 69 милиони евра.
9. Џанлуиџи Буфон – 63 милиони евра.
10. Тиери Анри – 57 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП