25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад кој дополнително ја влоши состојбата на Malaysia Airlines

Пад кој дополнително ја влоши состојбата на Malaysia Airlines

malashnib3c75y

Акциите на авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ потонаа за десет проценти, првиот ден на тргувањето по исчезнувањето на патничкиот авион со 239 патници и членови на екипажот.

Акциите по отворањето на берзата биле во пад од 16 проценти и продавани се за 0,21 рингити во однос на 0,25 рингити во петокот, пренесува агенцијата Франс прес.

Авионот на „Malaysia Airlines“ на летот MH370 од Куала Лумпур до Пекинг исчезна над водите меѓу Малезија и Виетнам во саботата наутро. Иако во тек е целосна потрага за авионот, ни третиот ден по несреќата тој не е пронајден.

„Malaysia Airlines“ во последниот минатогодишен квартал забележала загуба од 1,17 милијарди рингити (360 милиони долари) четврти квартал по ред. Компанијата веќе неколку години се бори со загубите и острата конкуренција од никобуџетните авиопревозници, како што е „Air Asia“ и многу други.

Аналитичарите за лошите резултати на компанијата ја обвинуваат неефикасната управа, синдикатите кои се неподготвени за промени и мешањето на Владата во работењето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП