24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуртоа постигнал договор со Реал!?

Куртоа постигнал договор со Реал!?

ELCHE VS ATLETICO MADRID

Голманот на Атлетико Мадрид Тибо Куртоа ќе премине во градскиот ривал Реал Мадрид, тврди радио „Cadena SER“. Според информациите белгискиот репрезентативец веќе го известил раководството на овој клуб дека постигнал принципиелен договор со Реал.

Сепак, неговиот трансфер може да се реализира дури во 2016-та година, кога истекува неговиот договор со Челзи.

Како што е познато, Куртоа е сопственост на англискиот гигант, но веќе трета последователна сезона игра под наем во Атлетико. 21-годишниот Белгиец е постојан стартер на „Висенте Калдерон“ и тренерот Диего Симеоне има голема желба да го привлече за постојано. Мадриѓаните веќе упатиле понуда за купување, но од Челзи ја отфрлиле и планираат да се потпираат на Куртоа од следната сезона.

Самиот голман не сака да се врати во Челзи, ако не му биде гарантирано стартното место. Тој стравува дека ќе треба да биде резерва на Петер Чех и затоа претпочита да остане во Атлетико уште една сезона, или да биде продаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП