24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТурскиот „Курум интернeшнл“ ќе стопанисува со терминалот во Драч

Турскиот „Курум интернeшнл“ ќе стопанисува со терминалот во Драч

turk1

Турската компанија „Курум интернешнл“ доби 35 годишна концесија за терминалот на контејнери во најголемото албанско пристаниште Драч.

Министертвото за транспорт потпиша договор со компанијата, која ќе стопанисува со терминалот во наредните 35 години.

– Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае на развојот на пристаништето. Врз основа на договорот Компанијата „Курум“, која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот, изјави министерот за транспорт и јавни рабти Сокол Олдаши.

Според министерот 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса додека останатите, 77 отсто остануваат кај концесионерот.

Турците пред повеќе години го приватизираа поранешниот металургиски комбинат во Елбасан, а во средината на јануари годинава станаа сопственици и на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Тие ги купија ХЕЦ „Бистрица 1“, “Бистрица 2“, „Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП