25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола задовoлен од тимот, најавени се мали промени

Гвардиола задовoлен од тимот, најавени се мали промени

baern

Тренерскиот штаб на Баерн Минхен не планира големи промени во составот во текот на летниот преоден рок.

Тренерот Пеп Гвардиола е целосно задоволен од квалитетот на екипата и смета дека овој состав на „баварците“ може да оствари многу нови успеси.

„Основата на составот ќе остане незаменлив. Ќе имаме многу малку нови фудбалери. Задоволен сум од досегашните резултати и се надевам дека ќе дојдеме до нови титули“, изјави шпанскиот стратег.

Тој го поддржа и претседателот на клубот, Ули Хенес, кој има проблеми со правдата и ќе биде изведен пред суд поради затајување на данок и перење на пари.

„Се познаваме од неодамна, но можам да кажам дека тој ми е пријател и засекогаш ќе остане таков“, вели Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП